/ Прочитано:

1.117

Семинар во организација на Академик наменет за големите договорни органи

На 26.11.2015 (четврток) Академик ќе одржи еднодневен семинар (работилница) наменет за големите договорни органи, а во врска со повеќе актуелни и практични прашања од областа на јавните набавки. Семинарот е со почеток во 10.00 часот и ќе се одржи во конференцискиот центар на хотелот „Квинс“ – Трговски центар „Зебра“.

Еднодневната работилница е  наменета за големи договорни органи – министерства, агенции, јавни претпријатија, трговски друштва во државна сопственост, општини итн. На обуката ќе се разгледуваат, дискутираат и елаборираат прашањата за подготовката на специфични технички спецификации за набавка на стоки, услуги и работи кај големите договорни органи, а со цел добивање на квалитет и добивање на согласност од Советот за јавни набавки.

Исто така, на семинарот ќе се елаборира и прашањето за дефинирањето на критериуми за способност во специфични јавни набавки, потоа организациската поставеност на големите договорни органи во спроведување на постапките за јавните набавки, како и најчестите повреди во спроведувањето на постапките по  јавните набавки. Прашањата кои ќе се елаборираат на работилницата, ќе бидат образложени низ практични примери, упатства и искуства, а во насока на доследното применување на Законот за јавните набавки. Покрај излагањето на предавачите, вообичаено за обуките на Академик, предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и презентација на практични примери.

Предавачи на Семинарот (работилницата) ќе бидат м-р Ненад Николовски, магистер по економски науки, кој има над деветгодишно искуство во Министерството за внатрешни работи, м-р Маја Малахова, магистер по правни науки, претседател на Државната комисија за жалби по јавни набавки и Ирена Стоименова, дипл.екк, советник за комерцијални работи во АД ЕЛЕМ.

За учество на семинарот можете да се пријавите на на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на тел. број: 02/32 32 821

>>>Повеќе детaли за едноднeвната работилница: