Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Анкетен лист и спречување на корупција

Секој избран или именуван функционер, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал, службено лице во државните органи, во општинската администрација и администрација на Град Скопје, има обврска да пополни анкетен лист.

Содржината и формата на образецот – Анкетен лист ги пропишува Државната комисија за спречување на корупција и истиот можете да го преземете од веб страницата www.dksk.org.mk

Опис на постапка

1. Анкетниот лист треба да содржи:

  • детален опис на недвижен имот;
  • подвижни предмети од поголема вредност;
  • хартии од вредност и побарувања и долгови и
  • друг имот што е во негова сопственост или сопственост на членовите на неговото семејство.

2. Со наведување на основот на пријавениот имот треба:

  • да депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето, вработувањето, престанувањето на функцијата или вработувањето;
  • односно да пријави промена во имотната состојба на неговиот имот и имотот на членовите на неговото семејство, како што е изградба на куќа или други објекти, купување на недвижности, хартии од вредност, автомобил или други подвижни предмети во вредност што надминува износ од 20 просечни плати во претходниот тримесечен период;
  • кон пријавата за промена на имотната состојба која што се доставува до Државната комисија за спречување на корупција и Управата за јавни приходи, се приложува и договор или друг документ што е основа за располагање со имотот, како и документ за начинот на извршеното плаќање.

3. Избраниот или именуван функционер, одговорното лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал, анкетниот лист го поднесува до Државната комисија за спречување на корупција и до Управата за јавни приходи.

4. Службеното лице во државните органи, во општинската администрација и администрација на Град Скопје, анкетниот лист го доставува до органот во кој е вработено.

Постапка за испитување на имот и имотна состојба против службени лица и функционери

Управата за јавни приходи спроведува постапка за испитување на имотната состојба против избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие или друго правно лице што располага со државен капитал ако:

  • лицето не дало анкетен лист;
  • не дало податоци;
  • ако во анкетниот лист дало невистинити или непотполни податоци;
  • ако не пријавило промена на имотот односно во пријавата дало невистинити и непотполни податоци;
  • ако се утврди дека неговиот имот или имотот на член на неговото семејство во текот на траење на мандатот, односно вршење на должноста или траење на вработувањето е несзразмерно зголемен во однос на редовните примања (плати, дивиденди и други приходи од вршење на дејност или имот).

Постапката за испитување на имотната состојба ја поведува Управата за јавни приходи. Барање за поведување на постапка може да поднесе до УЈП и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Ако во постапката за испитување на имотот и имотната состојба не се докаже дека имотот е стекнат како резултат на примања што се пријавени и оданочени УЈП ќе донесе решение за оданочување со персонален данок.

Основа за пресметување на данокот е разликата помеѓу вредноста на имотот во време на стекнувањето и докажаната висина на средствата за негово стекнување.

Данокот на непријавените приходи се пресметува по стапка од 70%.

На износот на пресметаниот (неплатен) данок се пресметува и наплатува камата согласно со Законот за даночна постапка, сметано од денот на донесувањето на решението за оданочување.

Потребни документи

  • уредно пополнет анкетен лист;
  • заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки;
  • пријава за промена во имотната состојба на неговиот имот и имотот на членовите на неговото семејство;
  • договор или друг документ што е основа за располагање со имотот и
  • документ за начинот на извршеното плаќање.