Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо/даноци:
0800 33 00
секој ден од 09.00 до 20.00 часот, освен недела Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Добивки од игри на среќа и наградни игри

Добивки од игри на среќа се приходите што обврзникот ги остварува од игри на среќа, кои можат да бидат остварени во пари, хартии од вредност, во натура или во некој друг вид.

Даночен обврзник

Физичко лице кое остварило добивка од игри на среќа.

Даночна основа

Основа за пресметување на данокот кај игрите на среќа претставува износот на поединечната исплата на добивката. Основа за пресметување на данокот кај игрите на среќа во обложувалница претставува износот на поединечната исплата на добивката намален за износот на поединечната уплата врз основа на која е остварена добивката.

Под поединечна исплатена добивка не се подразбираат добивките остварени во текот на играта на среќа. Ако добивката од игри на среќа се состои од предмети, основа на данокот претставува пазарната вредност на предметите во моментот на остварувањето на добивката.

Персонален данок на доход за добивките од игри на среќа и други наградни игри се пресметува и плаќа доколку поединечната добивка која е остварена од страна на граѓанинот го надминала износот над 10.000 денари.

Кога добивката од игрите на среќа се состои во предмети, основа на данокот на доход претставува пазарната вредност на предметите во моментот на остварување на добивката.

За исплати на добивки над 10.000 денари, приредувачот на играта на среќа и наградна игра има обврска да го задржи и плати персоналниот данок на доход во име на граѓаниот кој ја остварил добивката и за истото е должен да му издаде пресметка.

Даночна стапка

  • од 01.01 2008 година – стапката изнесува 10%

Утврдување на аконтација на данок

Аконтација на данокот на доход за добивките од игри на среќа ја пресметува и уплатува исплатувачот за секој обврзник (физичко лице – учесник во играта) и за секој поединечно исплатен приход во моментот на исплатата.

Годишна обврска на физичко лице

Физичкото лице за добивките од општи игри на среќа (ако поединечниот износ на добивката го надминува износот од 5.000 денари), како и за сите други приходи остварени во тековната година, треба да достави Годишна даночна пријава(образец “ПДД-ГДП”) до Управата за јавни приходи, најдоцна до 15 март наредната година, според неговото живеалиште, во Контакт центарот во Скопје без разлика каде се наоѓа вашето живеалиште или преку е-даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk

Физичкото лице кое во текот на годината остварило добивки од посебни игри на среќа, не е должен истите да ги прикаже во Годишната даночна пријава.