Информации

Државен просветен инспекторат
"Мито Хаџи-Василев Јасмин" бб , 1000 Скопје
тел. +389 (2) 3117 896
тел. +389 (2) 3117 277
факс. +389 (2) 3118 414

Државен просветен инспекторат

Државниот просветен инспекторат е орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука и врши надзор над исполнетоста на образовните стандарди, обезбедувањето на квалитетот на образованието, ефективноста преку евалуација на работата на воспитно образовните установи, како и примената на законите, другите прописи и општи акти од областа на образованието и воспитанието.

Просветен инспекциски надзор се врши во: основните училишта, средните училишта, детските градинки, установите за образование на возрасните, установите за образование и оспособување на ученици со посебни образовни потреби. Во високообразовните и научните установи инспекциски надзор се врши над примената на законите со кои се уредува високообразовната и научната дејност.

Државниот просветен инспекторат го раководи ДИРЕКТОР кој на предлог на Министерот за образобвание и наука го именува Владата на Република Македонија. Во отсуство на директорот го заменува раководен државен службеник кој врши инспекциски надзор што тој ќе го определи.Инспекциски надзор во рамките на надлежноста на Државниот просветен инспекторат го вршат државни просветни инспектори.

Државен просветен инспектор може да биде лице кое ги исполнува и општите услови утврдени со Законот за државните службеници, има високо образование, ги исполнува условите за наставник и кое има најмалку пет години работно искуство во воспитно образовните установи верифицирани од министерството за образование и наука.

Државните просветени инспектори ги назначува министерот по предлог од директорот на државниот просветен инспекторат во согласност со одредбите од Законот за државните службеници.