Информации

Општина Град Скопје
Ул. „Илинден“ бр.82
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389(2) 3297-204
Факс:
+389(2) 3165-445
Email:
gradonacalnik@skopje.gov.mk
kabinet@skopje.gov.mk
Web:
www.skopje.gov.mk
Градоначалник:
Петре Шилегов

Град Скопје

Подрачјето на градот Скопје, го сочинуваат подрачјата на општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче  Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари и во границите утврдени со Законот за Град Скопје.

Надлежности на Градот Скопје според Законот за Град Скопје

1. Планирање и уредување на просторот 

  •  донесување просторен план на градот Скопје;
  •  донесување генерален урбанистички план на градот Скопје;
  •  давање мислење за предлогот на деталните урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови  за населените места што ги донесуваат општините во градот Скопје;
  • уредување градежно земјиште и
  • утврдување стандарди и давање согласност за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на градот Скопје.

2. Заштита на животната средина и природата 

  •  заштита, преземање мерки и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на природата, заштита од бучава и нејонизирачкото зрачење на подрачјето на градот Скопје.

3. Локален економски развој 

  •  планирање на локалниот економски развој на градот Скопје;
  • утврдување развојни и структурни приоритети на ниво на градот Скопје;
  •  водење локална економска политика на ниво на градот Скопје;
  •  утврдување стратегија и давање поддршка на развојот на малите и средните претпријатија и претприемништвото;
  •  развој и поттикнување алтернативен и културен туризам и
  •  подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје и туристичко пропагандно информирање.

4. Комунални дејности 

  •  изградба, користење, заштита и одржување на магистрални и собирни улици и други инфраструктурни објекти;
  •  категоризација и именување на градски населби, улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;
  • снабдување со вода за пиење од единствениот водоснабдителен систем на градот Скопје;
  • одведување и пречистување на отпадните води;
  • одведување и испуштање на атмосферските води;
  • обработка и испорака на технолошката вода;
  • изградба и одржување на јавното осветлување на магистралните и собирните улици на подрачјето на градот Скопје;
  • собирање и транспортирање на комуналниот и друг вид на неопасен отпад ;
  • одржување на депониите за комунален и друг вид на неопасен отпад;
  • уредување и организирање на јавниот градски и приградски превоз на патници; одржување на јавната чистота на јавните сообраќајни површини;
  • одржување и користење на градските паркови, парк-шумите на подрачјето на градот Скопје, водните и спортско-рекреативни зони, утврдени со генералниот урбанистички план и други заштитени подрачја во согласност со закон;
  • одржување на зеленилото на магистралните и собирните улици;
  • изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за градот Скопје, утврдени со урбанистички план;
  • поставување, замена, отстранување и одржување на сообраќајните знаци и заштитната опрема на локалните патишта и улици;
  • утврдување услови и режим на сообраќајот на подрачјето на градот Скопје;
  • одржување на гробовите, гробиштата, крематориумите и давање погребални услуги на градските гробишта, утврдени со урбанистички план;
  • снабдување со природен гас и топлинска енергија;
  • изградување, водење, одржување и користење на единствен географски информационен систем на градот Скопје;
  • регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизираните делови;
  • дезинсекција на подрачјето на градот Скопје;
  • изградба, користење и одржување на пазари на големо и пазари за продажба на моторни возила на подрачјето на градот Скопје;
  • ерадикација на животните скитници;
  • определување места за закоп на мртви животни и нивно одржување и
  • украсување на градот Скопје.

5. Култура 

  • институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за градот Скопје;
  • негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности;
  • организирање културни манифестации; поттикнување на разновидни специфични форми на творештво и
  • одбележување на настани и личности од значење за градот Скопје;

6. Образование 

  • основање, финансирање и учество со свои претставници во органите на управувањето на јавните средни училишта на подрачјето на градот Скопје, во согласност со закон;
  • именување директори на јавните средни училишта и на ученичките домови, во согласност со закон и
  • организирање превоз, исхрана и сместување на ученици во ученичките домови, во согласност со закон.

7. Спорт 

  • обезбедување услови за развој на квалитетен спорт во градот Скопје;
  • организирање, поттикнување и помагање спортски манифестации и приредби од значење за градот Скопје и
  • изградба и одржување на спортски објекти од значење за градот Скопје.

8. Социјална и детска заштита 

  • остварување на социјална грижа за инвалидни лица, деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно-социјални проблеми, деца со посебни потреби, деца од еднородителски семејства, деца на улица, лица изложени на социјален ризик, лица засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол, подигање на свеста на населението, домување на лица со социјален ризик;
  • сопственост, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи-домови за стари лица,во согласност со закон;
  • сопственост, управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи- детски одморалишта, во согласност со закон и
  • учество со свои претставници во органите на управување во јавните установи за деца – детски градинки, на подрачјето на градот Скопје, во согласност со закон.

9. Здравствена заштита 

  • учество во управувањето со мрежата на јавните здравствени установи и објектите за примарна здравствена заштита од значење за градот Скопје;
  • преземање мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа;
  • здравствено воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности;
  •  здравствен надзор над животната средина и над заразните болести и
  •  помош на пациенти со специјални потреби.

10. Заштита и спасување 

  • координација на активностите за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, елементарни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив.

11. Противпожарна заштита 

  • противпожарна заштита на подрачјето на градот Скопје.

12. Надзор 

  • надзор над вршењето на работите од надлежност на градот Скопје.