Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
- Подрачни единици на МВР на територија на РМ
- Подрачна единица на МВР Скопје:
ул. Кеј Димитар Влахов бб, 1000 Скопје - во зградата на МТВ со влез од страната на реката Вардар,
Бесплатно телефонско закажување на:
0800 192 92
Работно време на шалтерите
од понеделник до петок
од 8:30 до 19:30 ч.

Издавање на патна исправа за малолетни лица

ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 192 92 Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА СИТЕ АПЛИКАНТИ – Скопје

Во останатите надлежни организациони единици на МВР поднесување на барање за пасош и подигање на истиот се врши на шалтерите

Потребни документи за добивање на патна исправа за малолетни лица

  • Барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето,
  •  Уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за  образецот на пасошот,
  • Уплата за административна такса од 100,00 денари-на уплатница-за лица до 4 годишна возраст
  • Уплата за административна такса од 200,00 денари- на уплатница-за лица од 4 до 27 годишна возраст
  • По службена должност се прибавува препис од матичната книга на родените,
  • Лична карта ( на родителот- подносител)
  • Доколку родителското право го врши еден од родителите, барањето го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување со согласност и од другиот родител, и доколку е потребно надлежниот орган ќе побара мислење од Центар за социјална работа, (согласност од мајка/татко/старател), доколку е потребно се бара и доказ за старателство, за лице кое е под старателство

НАПОМЕНИ:

– За малолетно лице, односно лице кое е лишено од деловна способност, барањето за издавање на патна исправа или виза го поднесува еден од родителите, односно старателот.

– Кога барањето за издавање патна исправа за малолетно лице, односно лице кое е лишено од деловна способност, поднесува еден од родителите, службеното лице врши проверка на брачниот статус на подносителот во службените евиденции.

– Кога родителското право го врши еден од родителите, барањето за издавање на патна исправа или виза за лице помладо од 18 години го поднесува родителот на кого лицето му е доверено на чување и воспитување, со согласност и од другиот родител.

– Ако другиот родител на лицето од ставот 1 на овој член се противи на издавањето на патната исправа или виза, органот надлежен за издавање на патни исправи и визи постапува во согласност со Законот за семејство.

– За лица до навршени 4 години живот пасошот се издава со рок на важење од две години. Стандард за доставување (Временски рок): најдоцна 15 дена