Информации

Управа за јавни приходи на РМ
Генерална дирекција
бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел.
+389 (2) 3299 500; 075/346 986
Факс
+389 (2) 3281 010
Email:
info@ujp.gov.mk
Инфо центар:
0800 33 000
Пријави неправилности::
198
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30 часот Регионални дирекции

Начин на пресметка на бруто плата

1. Пресметката на плата за работник кој работи вкупен број на часови во месецот се врши на следниот начин:

  • Бруто плата – Придонеси – Лично ослободување = Основица за пресметка на персонален данок на доход (ПДД)
  • Основица за пресметка на ПДД х 10% = Износ на ПДД
  • Бруто плата – Придонеси – ПДД = Нето плата

2. За вработените кои работат помалку часови во месецот од вкупниот број на часови, пресметката се врши по час, односно се пресметува бруто плата и лично ослободување согласно со часовите поминати на работа.

3. Кога се пресметува плата која е пониска од најниската основица, доплатата на придонес до најниска основица се врши на следниот начин:

  • 50% од просечната плата – Бруто плата = Основица за доплата
  • Основица за доплата х Стапка на придонес = Износ на придонес

4. Пресметката за плата со остварени часови на ефективна работа и часови на боледување за плата која е пониска од најниската основица е следна:

  • Бруто плата / вкупен број часови во месецот х Часови за ефективна работа = Бруто плата за ефективни часови
  • Бруто плата / вкупен број часови во месецот х часови за боледување = Бруто плата за боледување

5. Доплата до минимална основица ќе се смета на следниот начин:

  • 50% од просечна плата / вкупен број на часови во месецот х Часови на ефективна работа = Минимум согласно часовите
  • Минимум согласно часовите – бруто плата за ефективни часови = Основица за доплата
  • Основица за доплата х Стапка на придонес = Износ на придонес за доплата до најниска основица

6.  Пресметка на нето плата за во полињата 3.7 и 3.10 од клиентскиот софтвер на УЈП.