Информации

Централен регистар на РМ
Бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 2 3290-241,
+ 389 2 3290-248
Факс.+ 389 2 3123-169
Работно време
Понеделник до петок:
8.30 - 16.30

Општи одредби за упис во трговскиот регистар и регистар на правни лица

Опис на постапка

  1. Постапката за упис во трговскиот регистар се поведува со поднесување писмена пријава на пропишан образец, поднесена од овластен подносител, во којашто е содржано барањето за упис.
  2. Обрасци за упис во трговскиот регистар заинтересираните можат без надомест да подигнат од сите Регионални и Регистрациони канцеларии на Централниот регистар или да ги превеземат по електронски пат од интернет  страната на ЦРМ.
  3. Пријавата упис се поднесува до канцеларијата за упис на Централниот Регистар.
  4. Пријавите за упис на основањата, промените и бришењата, во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можат да се поднесат во 10 (десет) Регионални регистрациони канцеларии на Централниот регистар и тоа во: Скопје, Битола, Штип, Тетово, Куманово, Велес, Прилеп, Охрид, Струмица и Кочани.
  5. Пријава за упис на трговско друштво поднесува органот на управување, односно овластен член на органот на управување, освен ако со ЗТД поинаку не е определено.
  6. Пријавата може да ја поднесе и полномошник со полномошно дадено од овластениот подносител, заверено кај нотар, освен ако со ЗТД поинаку не е определено.

За вистинитоста и за законитоста на податоците одговара овластениот подносител , односно лицата определени со ЗТД.

Систем на електронска регистрација

Преку системот за електронска регистрација во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можете да ги направите сите уписи на основање, промена и бришење на субјекти на упис. Целата постапка можете да ја направите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
Поднесувањето на пријавите за упис во регистарот преку интернет можете да ги направите 24 часа на ден.

Рок за поднесување пријава за упис во трговскиот регистар

Субјектите за коишто е утврден задолжителен упис во трговскиот регистар се должни во рок од 15  дена од денот на стекнувањето на условите за поднесување пријава за упис во трговскиот регистар да поднесат пријава за упис, освен ако со Законот за трговските друштва и со друг закон поинаку не е определено. По истекот на 3 месеца од денот на стекнување на условите за поднесување пријава, Централниот регистар нема да ги запише податоците и пријавата ќе ја отфрли, освен ако со овој закон поинаку не е определено.

Доставување на прилози

  • Со пријавата за упис во трговскиот регистар се поднесуваат и потребните прилози (исправи и докази) во коишто се содржани податоците што се запишуваат во трговскиот регистар.
  • Ако се внесува непаричен влог во недвижна ствар, се доставува и доказ за сопственост во којшто е извршена прибелешка во јавна книга за евиденција на недвижни ствари, а ако се внесува подвижна ствар за којашто со закон е определена обврска за евиденција (регистар)-доказ за сопственост над подвижната ствар.
  • Ако со закон е определено доставување на одобрение од надлежен орган, со пријавата се приложува и тој доказ.

Во пријавата за упис не може да бидат внесувани и други податоци, освен оние кои, според овој закон, се запишуваат во трговскиот регистар, или да се бара од субјектот на уписот да доставува други прилози (исправи и докази), освен оние кои со овој закон е определено дека мора да бидат приложени кон пријавата за упис.