Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
- Подрачни единици на МВР на територија на РМ

Постапка за издавање на пасош

Пасошот е лична исправа, која му се издава на државјанин на Република Македонија заради патување и престој во странство, како и за враќање во земјата.

Телефонското закажување преку бесплатниот телефонски број 0800 192 92 е задолжително за сите апликанти.

Потребни документи за издавање на патна исправа

Апликацијата за пасош, започнува со пополнување на:

-барење за издавање на пасош МКбарање за издавање на пасош АЛБ, (барањето може да го најдете на сите шалтери каде аплицирате за издавање на патна исправа);

-лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот на барањето, а за лица кои немаат живеалиште на територијата на Република Македонија се приложува лична карта iздадена од надлежен орган на странска држава или друга јавна исправа од која може да се утврди нивниот идентитет;

-уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за  образецот на пасошот;

-уплата за административна такса од 100,00 денари на уплатница за лица до 4 годишна возраст;

-уплата за административна такса од 200,00 денари на уплатница за лица од 4 до 27 годишна возраст;

-уплата за административна такса од 300,00 денари- на уплатница-за лица над 27 годишна возраст (уплатница)

( Можност и за безготовинско плаќање)

Напомени:

Важење на пасошот

-за лица постари од 27 години пасошот се издава со рок на важење од десет години;

-за лица на возраст од 4 до 27 години пасошот се издава со рок на важење од пет години;

-за лица до навршени 4 годишна возраст пасошот се издава со рок на важење од две години.

При поднесување на барањето за издавање на пасош од граѓанинот се земаат биометриски податоци-фотографија, отпечатоци од два прста, како и своерачен потпис во дигитална форма. За малолетни лица до 12-годишна возраст не се врши земање на отпечатоци од прсти.

Подигање на пасошот

Барањето за патна исправа се поднесува лично и подигањето на пасошот е лично.

Постапки за издавање на пасош:

Редовна постапка – Органот надлежен за издавање на патни исправи и визи барањето го решава во што пократок рок, но најдоцна до 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Итна постапка – Во случај кога барателот во барањето за издавање пасош наведе дека бара изготвување на пасош во итна постапка, доколку не постојат објективни пречки пасошот се изготвува во рок од 48 часа од денот на поднесување на барањето. Подигањето на итните пасоши, а поднесени во сите  надлежни организациони единици на МВР, се врши во СВР- Скопје зграда на МРТВ први кат. Согласно  Решението  за цените на обрасците што се употребуваат  во МВР во Службен весник на РМ број 110/09 во точка I од решението гласи: I. Цената на образецот за итен пасош, согласно горенаведеното решение се зголемува три пати во однос на редовната цена образецот за пасошот. Ако граѓанинот бара изготвување на пасош во итна постапка, истиот ќе се издаде најдоцна во рок од 48 часа од часот на поднесување на барањето за издавање на пасош, освен ако се издава поради лекување во странство, смрт или тешка болест во семејството.

Постапка при промена на лични податоци:

-презиме и име, ден, месец и година на раѓање;

-пол и единствен матичен број на граѓанинот, согласно Законот за изменување  и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на РМ (“Сл. весник на РМ” бр.19/07), имателот на пасошот е должен во рок од 30 дена од денот на промена на податоците, пасошот да го предаде во Министерството за внатрешни работи, заради негово поништување;

-на лично барање на граѓаните, податоците во пасошот само за личното име ќе се испишуваат односно печатат на: македонски јазик и писмо, јазикот и писмото на граѓанинот кој зборуваат различен јазик од службениот јазик, односно јазикот на (српски, влашки, турски, бошњачки и ромски).

Под кои околности ќе подлежите на плаќање на парична глоба:

-ќе платите глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противредност ако користите патна исправа доколку ги промените податоците  на вашето име и презиме, денот, месецот и годината на раѓање, полот, единствениот матичен број;

-глоба во иста вредност ќе платите ако во рок од 30 дена од денот на промена на личните податоци не го предадете пасошот во МВР заради негово поништување;

Стандард за доставување (временски рок): најдоцна 15 дена.