Информации

Надлежен орган: Министерство за внатрешни работи на РМ
Подрачни единици на МВР на територија на РМ
Работни денови:
понеделник – петок и секоја прва сабота во месецот
Работно време:
од 8:30 до 16:30 часот

Постапка за издавање уверение за државјанство

Постапката за издавање на уверение за државјанство започнува со пополнување барање за издавање на уверение за државјанство на Република Македонија, кое се поднесува до секторот за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи според подрачјето на кое барателот има живеалиште.
Постапката за издавање уверение за државјанство може да се реализира доколку барателот веќе стекнал државјанство на Република Македонија на еден од начините определени со Законот за државјанството на Република Македонија, и тоа: (1) со потекло; (2) со раѓање на територијата на Република Македонија и (3) со природување. За начинот на стекнување државјанство на Република Македонија, повеќе детали тука.

Кон барањето се поднесуваат следните документи :

– лична карта или друг документ за лична идентификација на којшто има фотографија и кој е издаден од државен орган;
– други документи во зависност од начинот на кој се стекнува државјанството;
– уплата на износ од 100,00 денари на име административна такса на следната сметка:

Назив на примачот: Буџет на РМ
Банка на примачот: Народна банка на РМ
Сметка: 100000000063095
Уплатна сметка: 840 XXX 03161
Приходна шифра и програма: 722313 00

и

– уплата на износ од 50,00 денари како такса за изготвување на уверението на следната сметка:

Назив на примачот: Трезорска сметка
Банка на примачот: Народна банка на РМ
Сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник – единка корисник: 840 XXX 03161
Приходна шифра и програма: 72412220

Освен со уплатница, наведените износи може да се уплатат и со картичка директно на шалтерот на секторот за внатрешни работи до кој се поднесува барањето за издавање на уверение за државјанство. Вообичаен рок за издавање на уверение за државјанство е 5 работни дена од денот на поднесување на барањето.