Информации

Станици за технички преглед, распоредени на територија на РМ

Повторна регистрација на патнички возила

Повторна регистрација се врши на регистрирано возило во Македонија, доколку:

– неговиот сопственик, односно носител на правото на користење го променил местото на живеење, односно седиштето во друго регистарско подрачје;

– новиот сопственик, односно носител на правото на користење на возилото има живеалиште, односно седиште во место кое припаѓа во друго регистарско подрачје во Македонија.

При повторната регистрација на возилото, се издава нова сообраќајна дозвола и регистарски таблици, а предходната сообраќајна дозвола се одзема.

Потребни документи

– барање за повторна регистрација,

– сообраќајна дозвола за возилото,

– доказ за одјава на возилото,

– важечка лична карта и присуство на сопственикот (за физички лица),

– известување за распоредување (правни лица) и

– исправа со која се докажува промената на сопственоста, заверена од нотар (доколку е променет и сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото)

Полицискиот службеник ќе го исклучи од сообраќај возилото кое не е регистрирано, за кое не е продолжен рокот на важноста на сообраќајната дозвола, за кое е утврдена техничка неисправност, кое нема пропишани регистарски таблици или кое нема налепница за извршена регистрација.

Полицискиот службеник кој го исклучил возилото од сообраќај на возачот на самото место, привремено ќе му ја одземе сообраќајната дозвола или регистарските таблици, за прекршоците од ставот (1) на овој член.