Информации

Станици за технички преглед, распоредени на територија на РМ

Регистрација на патнички возила

За учество во сообраќајот на патиштата, возилата треба да бидат:

– регистрирани;

– да имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и

– треба да бидат означени со пропишани регистарски таблици и

– да бидат означени со налепница за извршена регистрација

Опис на постапка

Регистрацијата на возилата се врши со запишување на регистарската ознака и на определени податоци за возилото и сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото, во пропишаната евиденција за регистрираните возила. Регистрација на возилата се врши според живеалиштето, односно седиштето на сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото.

Возилото се регистрира на името односно називот на сопственикот, односно носителот на правото на користење (физичко или правно лице), а доколку возилото е сопственост на повеќе лица, се регистрира на името односно називот на едно од тие лица врз основа на нивна писмена спогодба заверена од нотар.

Регистрацијата важи 1 година, што значи треба да се обновува, односно продолжува секоја година.

Потребни документи (за прва регистрација):

– барање за регистрација,

-важечка лична карта и присуство на сопственикот (физички лица),

– известување за распоредување (правни лица),

– фактура за купопродажба,

– царинска потврда (доколку е увезено),

– подмирени такси и други давачки пропишани со закон,

– хомологација и

– доказ за техничка исправност на возилото не постар од 30 дена.

Потребни документи (продолжување):

– барање за регистрација,

– сообраќајна дозвола,

– доказ за техничка исправност на возилото – не постар од 30 дена,

– лична карта и присуство на сопственикот (физички лица) и

– известување за распоредување (правни лица)