Информации

Регулаторна комисија за енергетика
„Димитрие Чуповски“ бр. 2, 4ти спрат
Поштенски бр. 1000 Скопје
Тел:
+389(2) 3233 580
Факс:
+389(2) 3233 586
email:
erc@erc.org.mk

Регулаторна комисија за енергетика

Регулаторната комисија за енергетика е независна во своето работење и одлучување во рамките на надлежностите утврдени со Законот за енергетика. Комисијата за енергетика има својство на правно лице

Регулаторната комисија има повеќе надлежности.

  • се грижи за сигурно, континуирано и квалитетно снабдување со енергија;
  • се грижи за унапредување на конкурентен пазар на енергија;
  • пропишува услови за снабдување со одделни видови енергија;
  • пропишува  методологија за формирање на цени на одделни видови енергија;
  • пропишува тарифни системи за  одделни видови енергија,
  • донесува одлуки за цени на оддеелни видови енергија, согласно Методологијата за формирање на цени, тарифните системи  на одделни видови енергија и другите законски прописи;
  • ги издава, менува, одзема и го следи извршувањето на лиценците за вршење на одделни дејности од областа на енергетиката;
  • пропишува правила за приклучување на енергетските мрежи;
  • се грижи за унапредување на заштитата на правата на корисниците на енергија;
  • покренува иницијатива за донесување на закони и други прописи од областа на енергетиката;
  • учествува во разрешувањето на спорови и предлага мерки во врска со истите;
  • доставува предлог до надлежните органи за превземање на мерки во согласност со нивната надлежност и во постапка пропишана со закон кон субјектите кои дејноста ја вршат спротивно на овој закон;
  • донесува Деловник и други акти на Регулаторната комисија и
  • врши други работи утврдени со Закон.

За извршувањето на работите од надлежност на Регулаторната комисија, државните органи, органите на единиците на локалната самоуправа и трговските друштва што ги вршат дејностите од областа на енергетиката се должни да и ги дадат потребните документи, податоци и информации на нејзино барање.

Документите, податоците и информациите кои имаат доверлив карактер Регулаторната комисија ги користи и чува на начин утврден со свој  акт.