Информации
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Управа за водостопанство
Ул. „Даме Груев“ Бл.2 Лок.5, 1000 Скопје
телефон: 02/3111792.
Управа за водостопанство
Водостопанството е јавно правно лице, кое врши економично стопанисување, користење, функционирање, одржување и контрола на системите во целина, заради:
- снабдување со вода за наводнување;
- снабдување со вода на комунално претпријатие за водоснабдување за консумирање од страна на човекот (вода за пиење и други потреби) и технолошки потреби;
- снабдување со вода за индустриски и технолошки (стопански) потреби вклучувајќи го и производството на електрична енергија;
- одводнување на земјиште.
При вршење на својата дејност, водостопанството:
- обезбедува оптимални услуги за корисниците на вода;
- обезбедува подеднаков третман во давањето на услугите на сите корисници на вода;
- пресметува и наплаќа надоместоци за услугите кои ги обезбедува;
- презема мерки за рационално користење на водата, за намалување на загубите на вода на минимум;
- презема мерки за штедење на водата;
- совесно и одговорно управува со своите средства, работејќи со нив на внимателен и трошковно ефикасен начин;
- го одржува и обезбедува ефикасно и одржливо функционирањето и користењето на системот со кој стопанисува;
- ги спроведува прописите од областа на својата надлежност и општите и поединечните акти што ги донесува.
Водостопанството ги снабдува со вода за наводнување:
1. водните заедници; 2. индивидуалните корисници (физички и правни лица), кои се вон територијата на водната заедница, а имаат можност и потреба од наводнување.