Информации

Надлежен суд, според местото на живеење

- Основен суд во Берово за подрачјето на општините: Берово и Пехчево;

- Основен суд во Битола за подрачјето на општините: Битола, Могила Новаци и Демир Хисар, со Судско одделение во Демир Хисар;

- Основен суд во Виница за подрачјето на општината Виница;

- Основен суд во Велес за подрачјето на општините: Велес, Градско и Чашка;

- Основен суд во Гевгелија за подрачјето на општините: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, со Судско одделение во Валандово;

- Основен суд во Гостивар за подрачјето на општините: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша;

- Основен суд во Дебар за подрачјето на општините: Дебар и Жупа;

- Основен суд во Делчево за подрачјето на општините: Делчево и Македонска Каменица;

- Основен суд во Кавадарци за подрачјето на општините: Кавадарци и Росоман;

- Основен суд во Кичево за подрачјето на општините: Кичево, Вранештица, Другово, Зајас, Осломеј, Пласница и Македонски Брод, со Судско одделение во Македонски Брод;

- Основен суд во Кочани за подрачјето на општините: Кочани, Зрновци, и Чешиново - Облешево;

- Основен суд во Кратово за подрачјето на општината Кратово;

- Основен суд во Крива Паланка за подрачјето на општините: Крива Паланка и Ранковце;

- Основен суд во Куманово за подрачјето на општините: Куманово, Липково и Старо Нагоричане;

- Основен суд во Крушево за подрачјето на општината Крушево;

- Основен суд во Неготино за подрачјето на општините: Неготино и Демир Капија;

- Основен суд во Охрид за подрачјето на општините: Охрид и Дебарца;

- Основен суд во Прилеп за подрачјето на општините: Прилеп, Долнени и Кривогаштани; Охрид и Дебарца;

- Основен суд во Радовиш за подрачјето на општините: Радовиш и Конче; Кривогаштани; Охрид и Дебарца;

- Основен суд во Ресен за подрачјето на општината Ресен;

- Основен суд во Свети Николе за подрачјето на општините: Свети Николе и Лозово;

- Основен суд Скопје I - Скопје за подрачјето на општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Чаир , Шуто Оризари, Чучер Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден и Арачиново;

- Основен суд во Струга за подрачјето на општините: Струга и Вевчани;

- Основен суд во Струмица за подрачјето на општините: Струмица, Василево, Босилово и Ново Село;

- Основен суд во Тетово за подрачјето на општините: Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце;

- Основен суд во Штип за подрачјето на општините: Штип, Карбинци и Пробиштип, со Судско одделение во Пробиштип.

Уверение за неосудуваност

Опис на постапка

  1. ОБРАЗЕЦОТ НА МОЛБАТА за издавање на уверение дека против лицето не е поднесен обвинителен акт кој стапил во правна сила ниту пак е донесена неправосилна осудителна пресуда ја издава надлежниот суд според живеалиштето на лицето,
  2. молбата пополнете ја со кирилично писмо на рака или на машина за пишување,
  3. за уверението уплаќате 320,00 денари на трезорска сметка на народна банка во согласност со законот за судски такси и
  4. ако странката бара уверение за трето лице – полномошно заверено на нотар.

Потребни документи

  • молба за издавање на уверение е дека против лицето не е поднесен обвинителен акт кој стапил во правна сила ниту пак е донесена неправосилна осудителна пресуда,
  • лична карта и фотокопија од лична карта,
  • 320,00 денари на уплатница и
  • полномошно заверено од нотар (доколку странката бара уверение за трето лице).