/ Прочитано:

930

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Проверете дали ве има на Избирачкиот список

Среда, 20 ЈАНУАРИ 213 – До 9 февруари 2013 година гласачите можат да проверат дали се наоѓаат на Избирачкиот список секој ден во периодот од 08.30 до 19.00 часот во подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) со можност за запишување, дополнување или бришење на податоците од Избирачкиот список. На уште полесен начин тоа можат да го сторат по електронски пат на следниот линк. 

Сите лица што имаат биометриска документација, а нивното име не е на списокот имаат рок до 9 февруари во кој можат да појдат во ДИК секој ден од 8:30 до 19:00 часот и да побараат нивното име да биде ставено во Избирачкиот список.

По електронски пат сите оние со биометриска документација на следниот линк може да проверат дали се дел од списокот. Првиот изборен круг е закажан за 24 март, а вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 7 април 2013 година.