/ Прочитано:

2.092

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Упатство за електронска достава и услови за користење на системот за електронска достава на судски документи

Петок, 10 јануари 2014 – Работното тело за стандардизација на постапките во судовите,  на седница одржана минатиот месец донесе Заклучок, кој се однесува на електронската достава и ги содржи Упатството за електронска достава и условите за користење на системот за електронска достава на судски документи.

Имено, согласно Упатството, за користење на услугите на Системот за електронска достава на судски документи, правното или физичко лице е должно на свој трошок да ги обезбеди следните минимални техничи услови:

  • Дигитален сертификат издаден од овластен издавач во Република Македонија,
  • Пристап до Интернет,
  • Сопствена е-маил адреса за примање на нотификации од Системот,
  • Интернет прелистувач Internet Explorer 7.0 или понова верзија, Mozilla Firefox или Google Chrome (користењето на дигитален сертификат и Интернет прелистувач е согласно правилата на овластениот издавач на сертификати),
  • Adobe Acrobat Reader или друг соодветен софтвер за преглед и печатење на .pdf датотеки.

За користење на услугите на Системот, правното или физичко лице треба прво електронски да се најави (регистрира) како нов корисник на порталот http://edostava.sud.mk. во било кој суд во Република Македонија. Судот во кој правното или физичко лице електронски се најавило (регистрирало) како нов корисник на порталот http://edostava.sud.mk. ја одобрува регистрацијата и користењето на Системот врз основа на следните уредно пополнети, потпишани и доставени документи до судот:

  • Барање со изјава за регистрација на нови корисници,
  • Доказ за вршење на дејност.

Co поднесување на наведените документи, правното или физичко лице се определува да го користи Системот во обем и начин кој е овозможен од самиот Систем и го именува овластеното лице (важи само за правни лица). Судот има право да го одбие барањето на правното или физичко лице за користење на услугите на Системот, доколку не се исполнети предвидените услови. По обработката на документите, Судот испраќа известување до доставената е-маил адреса дека барањето е одобрено/одбиено.

>> Целиот текст на Упатството за електронска достава и Условите за користење на системот за електронска достава.