/ Прочитано:

588

Шефицата на италијанската дипломатија во посета на Македонија

Петок, 25 јули 2014 – Министерот за надворешни работи на Италијанската Република, Федерика Могерини ќе престојува во еднодневна посета на Република Македонија.

Освен тет- а- тет средбата што тој ќе ја одржи со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Поповски,ќе има средби и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов како и со заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими. Могерини во Скопје ќе допатува од Сараево каде што изјави дека Италија за време на шестмесечното претседавање со Европската унија посебно внимание ќе посвети на Западниот Балкан.

Процесот на проширување на Европската унија, како еден од главните приоритети на италијанското претседателство, во контекст на поддршката на Италија за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, се очекува да биде во фокусот на разговорите со италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини, која денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.

Италија го презеде претседавањето со Европската унија на 1 јули.