/ Прочитано:

546

ШПАНСКАТА ВЛАДА: Уставниот суд да го спречи референдумот за независност на Каталонија

Понеделник, 29 септември 2014 – Шпанската Влада го повика Уставниот суд да го спречи шпанскиот регион Каталонија да одржи гласање за независност во ноември. Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска поднесе жалбата до Судот.

Според Рахој повикот на каталонскиот претседател Артур Мас за одржување на референдум, е „нелегален“.

Каталонскиот претседател Артур Мас потпиша формален декрет минатиот викенд, со кој повика на девети ноември да биде одржан референдум, пркосејќи им на предупредувањата од Мадрид дека дозволувањето да се гласа ќе биде нелегално. 

„Жалам, бидејќи тоа е против законот, ја заобиколува демократијата и ги поделува Каталонците, ги отуѓува од Европа и остатокот од Шпанија и сериозно и’ штети на нивната благосостојба. Ни предметот, ниту постапката за гласање е компатибилна со шпанскиот Устав“, рече Рахој.

Во Каталонија живеат 7,5 милиони луѓе. Регионот се смета за економски центар на Шпанија. Каталонците со свој јазик и култура сметаат дека не добиваат многу од владата во Мадрид, во споредба со тоа што придонесуваат со даноци.