/ Прочитано:

2.442

СИСТЕМ ЗА МАСОВНА ПРОЦЕНКА НА НЕДВИЖНОСТИТЕ: Транспарентна пазарна вредност и поажурни податоци за трансакциите на недвижностите

Агенцијата за катастар на недвижности денеска ги презентираше активностите во врска со примената на новиот проект за масовна проценка на недвижностите.

 

куќи катастар

Системот за масовна проценка на недвижностите е систем кој на општините ќе им овозможи едноставен и изедначен начин на наплата на данокот на имот, а на комерцијалните банки, на проценителите и на сите државни органи ќе им овозможи точни податоци за пазарната вредност на недвижноста во секое време.

Масовната проценка, велат од Катастарот, ќе се врши во неколку пилот-општини преку воспоставување на системот за масовна проценка, со кој секоја недвижност во државава ќе добие пазарна вредност. ­

Следната година, истакнуваат од Катастарот, ќе се врши масовна проценка на сите недвижности во Кисела Вода, во Зелениково, во Свети Николе и во Гостивар. На масовната проценка ќе ѝ претходи теренско собирање на податоците за недвижностите и надградба на е­кат-системот. Податоците што ќе се соберат ќе овозможат транспарентна вредност на сите видови недвижности, како што се  станбениот и деловен простор, земјоделско и градежното земјиште.

akademik foto 1

Овие податоци, вели директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески,  ќе се однесуваат и на инфраструктурата, што е голема предност за граѓаните, деловните субјекти и бизнис-инвеститорите. За воспоставување на системот за масовна проценка, вели Трпевски, Катастарот формираше посебен сектор за проценка.

Од Агенцијата за катастар на недвижности образложуваат дека регистарот на цени и закупнини претставува дел од системот за масовна проценка на недвижностите, односно почетен влез на податоци кои ќе ги користи системот за масовна проценка.

akademik foto

Во таа насока, посочуваат од Агенцијата, преку софтверот за моделирање на податоците од катастарот на недвижности и од базата на регистарот на цени, со вклучување на одредени дополнителни параметри, треба да се изврши вреднување на недвижностите.

Воедно, од Агенцијата за катастар на недвижности го најавуваат и софтверот за статистики со кои ќе се овозможат поточни и поажурни податоци за трансакциите со недвижности, но и статистики кои ги користат банките, проценителите, агенциите за недвижности и институции од јавниот сектор.

М.В