/ Прочитано:

1.372

СЈО бара изземање на судијата на претходна постапка кој постапува во предметот „Трезор“

„Ова е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на Судот не било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

????????????????????????????????????

Специјалното јавно обвинителство побарало изземање на судијата на претходна постапка кој постапува по предлог на СЈО за определување на мерки на претпазливост за тројца осомничени во предметот „Трезор“.

Како што информираат од Кривичниот суд, СЈО побарало изземање на судијата на претходна постапка кој постапува по предлогот од причини наведени на записник дадени пред судијата на претходна постапка.

„Претседателот на Основен суд СКопје 1 во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на Судот не било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.

Од таму додаваат дека со ова СЈО дополнително влијае на одолговлекување на постапките кои тие самите ги покренуваат до овој Суд.

Во однос на предлогот за определување на мерка притвор, по донесувањето на одлуката на судијата на претходна постапка, Кривичниот суд дополнително ќе информира.