/ Прочитано:

1.317

СЈО бара одземање на патните исправи за три лица осомничени во „Трезор“ – а за едно лице притвор

„Воедно, за едно осомничено лице побарано е определување мерка притвор поради опасност од бегство, поради постоење на основан страв дека лицето ќе ја попречува кривичната постапка и поради постоење на особени околности кои го оправдуваат стравот дека лицето ќе го повтори делото“, велат од СЈО.

СЈО зграда

Во текот на денешниот ден до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а во врска со истрагата во предметот „Трезор“, Специјалното јавно обвинителство поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за три осомничени лица, со кои е побарано од Судот да им ги одземе патните исправи на овие лица.

„Воедно, за едно осомничено лице побарано е определување мерка притвор поради опасност од бегство, поради постоење на основан страв дека лицето ќе ја попречува кривичната постапка и поради постоење на особени околности кои го оправдуваат стравот дека лицето ќе го повтори делото“, велат од СЈО.

До Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесено е и барање за донесување на привремена мерка забрана за користење и располагање со трансакциската сметка на правното лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.

„Трезор“ е новиот случај на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на РМ во висина од 862 илјади евра.

Како осомничени се јавуваат 3 лица на раководни позиции во Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице на раководна позиција во МВР. Лицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што истакна обвинителката Фатиме Фетаи, осомничените прибавиле противправна имотна корист за правното лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.