/ Прочитано:

1.589

СЈО ги обжали одлуките за парични казни

„Денес до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднесени се жалби против одлуката на Судот со која мене и на јавниот обвинител Фатиме Фетаи ни беа изречени парични казни. Сметаме дека одлуката е незаконска, поради што го искористивме правото на жалба“ – истакна денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Специјалните јавни обвинителки, Катица Јанева и Фатиме Фетаи, поднесоа жалба против одлуката за изрекување парични казни во износ од по 2.000 евра од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, бидејќи ја сметаат за незаконска. 

Објавено од jonsk_adm „Денес до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднесени се жалби против одлуката на Судот со која мене и на јавниот обвинител Фатиме Фетаи ни беа изречени парични казни. Сметаме дека одлуката е незаконска, поради што го искористивме правото на жалба“ – истакна денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Истовремено, како што информира СЈО, против судиите Александра Поп Стефанија и Лидија Петровска до Советот за утврдување на факти се поднесени иницијативи-претставки за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судската функција.

Специјалното јавно обвинителство укажува и на несоодветната соработка на Здружението на јавните обвинители на Република Македонија со ова јавно обвинителство.

„Имено, од страна на Здружението на јавни обвинители, оневозможено е на Годишното собрание на Здружението да присуствуваат тројца претставници на ова Специјално јавно обвинителство. Така, дописот со кој се известуваме за одржување на Собранието е од 13.02.2017 година и е испратен преку препорачана пратка по пошта на ден 24.02.2017 година во 12:13 часот, иако самата седница на Годишното собрание е закажана токму за 24.02.2017 година со почеток во 12:30 часот“, посочува СЈО.

А. Б.