/ Прочитано:

1.226

СЈО на работна средба со Македонски телеком

Специјалното јавно обвинителство објави соопштение во кое ја информира јавноста за остварена средба во Македонски телеком.

„Денеска во просториите на Македонски телеком се одржа работна средба на повисоко ниво со претставници на оваа компанија, со цел да се изнајде решение за предметите од интерес на ова јавно обвинителство“, извести денеска Специјалното јавно обвинителство.  „Очекуваме воспоставената соработка да продолжи и во претстојниот период“, се вели во соопштението на СЈО.