/ Прочитано:

2.024

СЈО поднесе барање за заштита на законитоста

Во соопштението на СЈО се вели дека со Барањето за заштита на законитоста се бара Врховниот суд да утврди дека решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје I Скопје, со кое е одбиено барањето на ова јавно обвинителство за обезбедување на дел од имотот на една политичка партија, било незаконито.

Специјалното јавно обвинителство ја информира јавноста дека постапувајќи по предметот познат како „Талир“, до Врховниот суд на Република Македонија поднело Барање за заштита на законитоста.

Во соопштението на СЈО се вели дека со Барањето за заштита на законитоста се бара Врховниот суд да утврди дека решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје I Скопје, со кое е одбиено барањето на ова јавно обвинителство за обезбедување на дел од имотот на една политичка партија, било незаконито.

„Потсетуваме дека на 22.5.2017 година ова јавно обвинителство поднесе барање за привремено одземање на имот заради обезбедување, односно за определување на привремена мерка – забрана за отуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека на тој имот поради основано сомневање дека потекнува од кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување, кое беше одбиено. Причините за поднесување на Барањето за заштита на законитоста се во фактот што во конкретниот случај се исполнети сите законски претпоставки за обезбедување на имотот кој  потекнува од кривичното дело, а воедно на првостепениот суд му беше приложен и обемен доказен материјал проследен со финансиски анализи, кои го поткрeпуваат барањето за обезбедување на имотот. Со барањето за заштита на законитоста, укажано е на неопходноста од толкување на Законот за финансирање на политичките партии во согласност со меѓународните стандарди врз основа на кои овој закон е донесен и на околноста дека рестриктивното толкување на првостепениот суд на споменатиот закон е во спротивност и со заложбите за спречување на корупцијата како неопходен услов за градење на демократско општество и почитување на принципот на владеењето на правото“, се наведува во денешното соопштение на Специјалното јавно обвинителство.