/ Прочитано:

1.806

СЈО прашува како можела судијка да ја знае одлуката на Апелациониот суд седум дена пред тој да одлучи

До Советот за утврдување на факти и покренување постапка за утврдување на одговорност за судија, СЈО поднесе претставка за утврдување на одговорност на судијата Моника Бахчовановска, судија при Основниот суд Скопје I Скопје. Со претставката е побарано да се испита работата на судијата од аспект на нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

„Судијата Моника Бахчовановска, постапувајќи по поднесен приговор со предлог за издвојување од списите на предметот на незаконски прибавен доказ во предмет за кој ова јавно обвинителство има поднесено обвинителен акт, на ден 11.9.2017 година донела решение во кое посочила на решение на Апелациониот суд Скопје донесено на ден 18.9.2017 година. Тоа упатува дека решението на судијата Бахчовановска е антидатирано решение, или станува збор за друг вид поведение со кое се врши злоупотребување на положбата и пречекорување на службените овластувања, од аспект на тоа како судијата Бахчовановска можела однапред да ја знае одлуката на Апелациониот суд Скопје. Претставката за судијата Моника Бахчовановска може да се преземе тука (.pdf)“, се вели во соопштението на СЈО.

М.В