/ Прочитано:

1.267

СЛУЧАЈ „ДИВА НАСЕЛБА“: Судењето за тероризам започнува на 9 февруари

На рочиштето за оценка на обвинителниот акт сите 29 обвинети рекоа дека не се чувствуваат виновни

diva-naselba-1

Членовите на Кумановската група кои се осомничени за терористичка организација и тероризам поврзан со настаните од 9 и 10 мај минатата година во Дива населба идната недела, на 9 февруари, ќе седнат на обвинителна клупа.

Откако Советот за оценка на обвинителен акт по детална анализа на наводите наведени во писмените приговори на обвинителниот акт, доставени до судот, како и наводите на обвинетите и нивните бранители дадени на јавно одржаната седница за оценка на обвинителен акт и ценејќи ги фактите врз кои се заснова актот го одобри обвинителниот акт, а приговорите ги одби како неосновани, Кривичниот суд закажа прво рочиште за предметот.

Во образложението на одлуката на советот објавена на средината на декември, стоеше дека советот смета оти наводите во приговорите претставуваат одбрана на обвинетите, заради што цени дека е потребно да се одржи главна расправа на која во непосредна, контрадикторна постапка истите ќе имаат можност да ја изложат својата одбрана, па по проверка на сите релевантни докази судот да ја утврди фактичката состојба по кривично – правните настани наведени во овој кривичен предмет.

На рочиштето за оценка на обвинителниот акт сите 29 обвинети рекоа дека не се чувствуваат виновни. Според одбраната, која не негира дека имало вооружена група, предметот треба да се предаде на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи мотивот, како што велат, не е тероризам, а обвинетите се жртви на друго сценарио.

Во дводневната престрелка во кумановската Дива населба загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група.

ОДОБРЕНО ОБВИНЕНИЕТО ЗА ДИВА НАСЕЛБА: Приговорите на обвинетите одбиени како неосновани