/ Прочитано:

2.685

„Со нови решенија до повисоки стандарди во вештачењето“ – Благица Ристовска и Збратимир Пршкарски, Национална групација за судски вештачења

Потврда за успехот на НГСВ во идејата да направиме друштво за вештачења кое се стреми да изгради имиџ на една од најбараните и најпрофесионалните компании за вештачење, е решавањето комплексни спорови и задржувањето на веќе постојните клиенти, како и истовремено зголемување на бројот на клиентите и сè поголемата доверба на судовите да ги насочат своите супервештачења кон НГСВ како финално решение за одреден спор, велат за Академик Благица Ристовска и Збратимир Пршкарски од Националната групација за судски вештачења.

Обединување на вештаците со долгогодишно искуство

Благица Ристовска и Збратимир Пршкарски за почетоците на дејноста на Националната групација за судски вештачења (НГСВ) велат дека главната идеја била преку стручноста и професионализмот да се направи обединување на вештаците кои имаат долгогодишно искуство и знаење од тематиката на вештачењето.

„Комплексноста на животот и сè посложените правни односи нè доведоа до идејата да ги обединиме вештаците со долгогодишно искуство и знаење, во што и успеавме. Вештите лица се избирани врз основа на критериумите стручност, чесност, професионалност, совесност и пред сè непристрасност “, велат Ристовска и Пршкарски.

„Нашата цел е со стручност да помогнеме во што побрзо решавање на правните спорови“

Тие објаснуваат дека Друштвото за вештачење и процени, Национална групација за судски вештачења (НГСВ), започнало со работа во 2011 година како специјализирана компанија за изготвување судски вештачења, супервештачења од сите области, како и процени и дека денеска се изградени во препознатлив бренд, најмногу поради, како што велат, нивната посветеност во работата.

„Нашата цел е со нивната стручност да помогнеме во што побрзо решавање на правните спорови, со тоа што кон секој предмет се приоѓа со посебно внимание. Потврда за успехот на НГСВ во идејата да направиме друштво за вештачења кое се стреми да изгради имиџ на една од најбараните и најпрофесионалните компании за вештачење, е решавањето комплексни спорови и задржувањето на веќе постојните клиенти, како и истовремено зголемување на бројот на клиентите и сè поголемата доверба на судовите да ги насочат своите супервештачења кон НГСВ како финално решение за одреден спор“, објаснуваат Ристовска и Пршкарски, посочувајќи дека Групацијата денес ги нуди услугите од сите области на вештачења и супервештачења.

Вештачењето претставува најчесто применуван начин за утврдување на фактичка состојба во судско -правната практика

„Како важен сегмент на правниот систем на Република Македонија,  Национална групација за судски вештачења нуди услуги од сите области вештачења и супервештачења, како и процени, и тоа: материјално, економско и финансиско работење, сообраќај, машинство, медицина од сите области, градежништво и архитектура, електротехника, информатички технологии, земјоделство и шумарство, графологија и други услуги. Исто така, се прават и процени за капитал на трговски друштва и за подвижен имот“, додаваат  тие.

Пршкарски и Ристовска велат дека вештачењето, несомнено, претставува најчесто применуван начин за утврдување на фактичка состојба во судско-правната практика.

Софтверско решение кое ќе го подобри и ќе го олесни начинот на работа при изработка на вештачењата

„Токму поради тоа, тимот на НГСВ посветува особено внимание на подобрување на целокупниот процес на вештачење и на грижата кон клиентите, од самото барање за вештачење до испораката на вештчењето. Тоа значи детално следење на целокупниот процес на вештачење, запазување на роковите и внимателно ракување со документацијата, како и постојана комуникација со клиентите. Несомнено е дека една компанија успешно ќе работи кога од една страна имате искусен тим на вешти лица со долгогодишно искуство, а од друга страна имате млад тим кој континуирано ги следи технолошките новитети и сè што носи современото живеење“, нагласуваат тие, додавајќи дека следејќи ги потребите од внесување на технолошки новитети во работењето заради оптимално реализирање на поставените цели, наскоро ќе излезат со ново софтверско решение.

„Поврзано со ова, НГСВ веќе одреден период работи на софтверско решение кое ќе го подобри и ќе го олесни начинот на работа при изработка на вештачењата и ќе ја подобри комуникацијата со веќе постојните и со новите клинети.  За краток временски период, НГСВ ќе презентира дел од своите новитети,  како и новитетите што следуваат во тековната година“, најавуваат Ристовска и Пршкарски.

Повисоки стандарди и критериуми во работењето

Двајцата, како дел од  тимот на Национална групација за судски вештачења, потенцираат дека со внесувањето на новитети во работењето веќе поставуваат нови стандарди во работењето.

„НГСВ веќе поставува високи критериуми за начинот на работа во оваа дејност и тоа ќе биде така и во иднина“, велат Благица Ристовска и Збратимир Пршкарски, резимирајќи дека стручноста и експедитивноста секогаш ќе бидат принципите врз кои Групацијата ќе ги гради односите со клиентите, но и нејзината професионална профилираност.

М.В / veljanoskim@akademik.mk