/ Прочитано:

1.388

Со сослушување на заштитени сведоци продолжува судењето за случајот „Дива Населба“

Од Кривичниот суд велат дека не можат да дадат процена за темпото со кое ќе се одвива сослушувањето на заштитените сведоци ниту колку вкупно заштитени сведоци се предложени од страна на Обвинителството. Од Судот потенцираат дека навремено ќе информираат кога повторно ќе биде отворено за јавноста судењето.

Судење „Дива Населба“, прво рочиште

Продолжението на судскиот процес за случајот „Дива Населба“ денеска ќе се одвива зад затворени врати. Медиумите овој пат ќе бидат исклучени од судењето бидејќи треба да бидат сослушани заштитени сведоци предложени од Обвинителството.

Од Кривичниот суд велат дека не можат да дадат процена за темпото со кое ќе се одвива сослушувањето на заштитените сведоци ниту колку вкупно заштитени сведоци се предложени од страна на Обвинителството. Од Судот потенцираат дека навремено ќе информираат кога повторно ќе биде отворено за јавноста судењето.

Ова ќе биде осмо рочиште за случувањата од 9 и 10 мај минатата година во кумановската Дива Населба. На претходните рочишта беа изнесени воведните зборови на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и 29 обвинети и нивните адвокати, а беа сослушани и десетина сведоци предложени од Обвинителството.

Покрај сведочењата на локалното население од Кумановско и сведочењата на роднините на некои од обвинетите, пред судот сведочеа и четворицата полицајци кои беа нападнати во караулата во Гошинце во април минатата година, настан кој, според обвинението, му претходел на целото организирање на нападот на полициските единици во кумановската Дива Населба.

Обвинетите се товарат за сторени кривични дела „терористичко организирање“ од членот 394 – а и „тероризам“ од член 394 -б од Кривичниот законик.

Во дводневната престрелка во кумановската Дива Населба загинаа осум припадници на македонската полиција и десет припадници на вооружената група.