/ Прочитано:

872

Собранието ги изгласа новите лустратори – Адвокатот од Битола е старо-новиот претседател на Комисијата

Четврток, 31 јули 2014 – Собранието на Република Македонија на продолжението од 11 – та седница го изгласа новиот состав на Комисијата за верификација на фактите.

Пратениците со 82 гласови „за” и ниту еден „против” и „воздржан” го дадоа својот глас за новиот состав на лустрациска на која повторно на претседателското место ќе седне староновиот претседател на Комисијата, Томе Аџиев, а за негов заменик избран е Асан Љума.

За членови на комисијата избрани се Новица Велјаноски доктор на правно историски науки, Вецко Здравески, магистрант по политички науки од Кичево, Предраг Димитровски, дипломиран новинар од Скопје, Игор Лазаровски, дипломиран шумарски инженер од Скопје, Сашко Јанев, секретар на општина Неготино и магистрант по историја, Даут Даути, новинар од Скопје, Шпенди Винца, дипломиран социолог од Струга, Ристана Лалчевска дипломиран правник, како и Линко Бејзаровски, политоколог од Пласница.

На дневениот ред на продолжение на 11-та седница се дополнетиот Предлог – закон за прекршоците во второ читање, како и предлог законите за изменување и дополнување на законите за внатрешни работи, за основно образование, за средно образование, за високо образование, за социјална заштита, за рибарство и аквакултура, сите по скратена постапка.

Пратениците треба да го разгледаат и Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка