/ Прочитано:

2.205

Собранието го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски

Собранието на Република Македонија го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски. За разрешувањето на Зврлевски гласаа 64 пратеници. Во месец јуни оваа година, Владата иницираше разрешување на републичкиот јавен обвинител поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата.

Во Законот за јавното обвинителство се пропишува дека јавен обвинител се разрешува од функцијата пред истекот на мандатот поради незаконито, ненавремено или недоволно стручно вршење на функцијата, ако со своето однесување и дејствување покажува дека не е способен за извршување на функцијата, ако не поднесува барање за покренување на кривична постапка за случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата.

M.В