/ Прочитано:

930

Солидарност и поддршка за колегите: Педесет професори и наставници започнуваат штрајк со глад

Вторник, 22 јули 2014 – Синдикатот за образование ја потврди одлуката и од денеска Советот на синдикатот започнува почнува штрајк со глад, како израз на солидарност и поддршка за тројцата штипски професори кои останаа без работа.

 
Од СОНК велат дека ќе ги спроведат усвоени заклучоци на седницата на синдикатот, односно започнуваат штрајк со глад во кој ќе бидат  вклучени повеќе од 50 наставници и професори кои се членови на раководнсите органи, односно на советот и на претседателството на синдикатот.
„Ова е чин на солидарност со тројцата професори  и ќе штрајкуваме се додека не се усвојат заклучоците, меѓу кои и  измени на Законот за високо образование“, нагласуваат од СОНК.
Со вчерашниот ден измина и рокот кога Економскиот факултет на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип требаше да го спроведе решението на Државниот просветен инспекторат и да ги поправи грешките во постапката во која тројцата професори требаше да бидат избрани во повисоки звања, а кои штрајкуваат веќе 12-ти ден. Универзитетот „Гоце Делчев“ вчера повика на прекин на штрајкот со глад и соопшти дека ова прашање ќе се реши кон средината на август. „Ова е само уште една манипулација, затоа што рокот за избор истекува на 2 август, по што целата постапка ќе мора да се повтори и да се распишат целосно нови конкурси“, предупредуваат тројцата професори.