/ Прочитано:

1.223

СООБРАЌАЈНА ХРОНИКA: Казнети 28 пешаци и 34 возачи во Скопје

Среда, 1 октомври 2014 – Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден пешак, двајца велосипедисти и еден мотоциклист.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 20 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, осум пешаци поминале на црвено светло на семафорот за пешаци. Санкционирани се и четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 20 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Блаже Конески“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.