/ Прочитано:

1.392

Соопштение на Кривичниот суд: За тројца пратеници определен притвор, а за други тројца определен куќен притвор

Кривичниот суд објави соопштение во врска со определувањето притвор и куќен притвор за пратениците кои денес беа на распит во судот.

„Постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска беа повикани шест лица опфатени со предлогот на обвинителството, а по нивно произнесување во однос на предлогот судијата на претходна постапка донесе решенија со кои за К. М., Љ. А. и С. В. го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст. 1 т. 1,2 и 3 од ЗКП. За Ј. Т. и Ж. П. судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка куќен притвор. За Љ. Д. судија на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството за определување мерка притвор и му определи мерка куќен притвор. Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Пратениците на кои Собранието им го одзеде имунитетот денеска дојдоа во Кривичниот суд на распит пред судија на претходна постапка, во врска со насилствата во Собранието што се случија на 27 април.

Одлучувајќи по барањето на Кривичниот суд и извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Собранието минатата недела одлучи да ги одобри барањата на Кривичниот суд, поднесени на 28 ноември, и да им го одземе имунитетот на пратениците: Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска.

Пратениците ги гони Основното јавно обвинителство за настаните во Собранието што се случија на 27 април 2017 година. Тие се дел од триесет и шестемина осомничени лица кои се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Пратениците на кои Собранието им го одзеде имунитетот на распит во Кривичниот суд

Собранието одлучи по барањето на Кривичниот суд и им го одзеде имунитетот на пратениците кои ги гони Обвинителството

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ги одобри барањата за притвор на пратеници

Кривичниот суд објави соопштение за определениот притвор на лицата кои ги гони Обвинителството за настаните во Собранието

Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците

ЈОРМ: Триесет и шестмина се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

М.В