/ Прочитано:

5.199

Соопштение од УЈП: Пријавување на приходи од издавање под закуп на движен и недвижен имот

Приходите остварени врз основа на закупнина (издавање на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација (викендички), опрема, превозни средства и други видови имот) подлежат на оданочување со персонален данок, и граѓаните имаат обврска да го пријават во УЈП со поднесување на Аконтативна даночна пријава за остварени приходи од имот и имотни права (образец ПДД-АДП/ПИ) во рок од 15 дена од денот на остварувањето на приходите со задолжително приложување на договорот за закуп.

УЈП лого

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека во рамките на Планот за управување со усогласеност, со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот, во наредниот период УЈП ќе спроведе низа активности, пред сè, од едукативен карактер со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски, но и преземање на мерки за намалување на сивата економија насочени кон високоризичните даночни обврзници, каде што УЈП има детектирано непријавување или нецелосно пријавување на остварените приходи од кирии.

Приходите остварени врз основа на закупнина (издавање на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација (викендички), опрема, превозни средства и други видови имот) подлежат на оданочување со персонален данок, и граѓаните имаат обврска да го пријават во УЈП со поднесување на Аконтативна даночна пријава за остварени приходи од имот и имотни права (образец ПДД-АДП/ПИ) во рок од 15 дена од денот на остварувањето на приходите со задолжително приложување на договорот за закуп.

http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0145/PDD-ADP-PI_Prijava_15-11_10.02.2011_06.10.2016.pdf

На даночниот обврзник му се признаваат следните даночни олеснувања:

– 25 % од висината на приходот – 30 % од висината на приходот – при издавање под закуп на опремени станбени и деловни простории или – стварните трошоци – документирано докажани (по барање на обврзникот).

Граѓаните кои оствариле приходи од закупнина во 2016 година, покрај обврската за поднесување на Аконтативна даночна пријава, треба да поднесат и Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП) најдоцна до 15 март 2017 година. За граѓаните кои со задоцнување или воопшто нема да поднесат Аконтативна и/или Годишна даночна пријава во законските рокови, предвидена е глоба за сторен прекршок од 100 до 200 евра во денарска противвредност.

Доколку е остварен вкупен промет над 1.000.000 денари од издавање под закуп на движен и недвижен имот во текот на 2016 година, постои обврска за граѓаните да се регистрираат за цели на ДДВ најдоцна до 15-ти во месецот кој следува по месецот кога го оствариле прометот.

Доколку со склучениот договор на почетокот на издавање под закуп на движен и недвижен имот се предвидува дека ќе биде остварен вкупен промет над 1.000.000 денари во годината, постои обврска за граѓаните да се регистрираат за цели на ДДВ во рок од 15 дена од почетокот на вршењето на стопанската дејност (од почеток на закупот на земјиште, деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација – викендички, опрема, превозни средства и други видови имот).

Прометот од издавањето под кирија на станбени објекти и станови кои се користат за станбени цели не подлежи на оданочување ДДВ.