/ Прочитано:

1.859

Сопственикот на „Фиком“ пронајден обесен во штипскиот затвор

Понеделник, 2 март 2015 – Никола Николиќ, сопственик на „Фиком“, утринава е пронајден обесен во тоалетот на отвореното одделение во затворот во Штип каде што отслужуваше затворска казна. Адвокатот на  Николиќ, Александар Петровски за Академик ја потврдува информацијата и вели дека неговиот клиент претходно не навестувал никакви суицидни намери.

„Николиќ е пронајден мртов во колективните затворските тоалети. Сега моментално се чекаат екипи на Судска медицина. При нашите средби и разговори тој не оддаваше никакви суицидни намери, напротив. Во петокот само десетина пати се слушнавме. Полна ми е торбата со документацијата за предметот, постојано се интересираше и наскоро требаше да излезе на слободен викенд, или овој или следниот. Беше среќен поради тоа“, вели адвокатот Петровски.

Од Управата за извршување санкции потврдуваат дека Никола Николиќ, е пронајден обесен во штипскиот затвор и повеќе детали се најавуваат во текот на денот.

Николиќ заедно со неговата сопруга беа осудени за измама со станови. Градежната афера Фиком медиумски изби во 2006 година, кога група граѓани тврдеа дека нивниот стан бил продаден на уште неколку лица.

М.В