/Прочитано:

1.751

Совети на американски адвокат за отворање на адвокатска канцеларија

Веднаш по положувањето на правосудниот испит, најчесто правниците имаат замисли за отворање на сопствена адвокатска канцеларија или здружување со други правници и започнување со работа на ново адвокатско друштво.

Тогаш почнуваат плановите за тоа како ќе изгледа канцеларијата, внатрешниот дизајн, логото на фирмата, внатрешното и надворешното уредување, елементите во канцеларијата, а потоа и најбитниот дел – барањето и привлекувањето клиенти.

Адвокатот Џеф Бенион од Сан Диего предлага неколку совети до идните адвокати во својата колумна објавена на веб-страницата abovethelaw.com. Пред сè, адвокатите треба да бидат опуштени и да се препуштат на својот интелект при основањето на новата канцеларија и веднаш да не инвестираат големи пари во скапи канцеларии и скапи кирии. Исто така, не треба од старт да ја претрупуваат канцеларијата со непотребни работи кои повеќе ќе пречат отколку што ќе бидат од корист.

Треба да се користи службен а не личен телефон. На тој начин ќе се потврди професионалноста што ја дава канцеларијата, а клиентите ќе имаат поголема доверба. Исто така, од полза е да се користат бројните апликации кои постојат и кои служат за комуникација (Google Voice, Google Hangouts, What’s Аpp, Google Voice итн). Како што ќе се развива канцеларијата, пожелно да се користи централа со повеќе телефони, се разбира, во согласност со бројот на вработените во неа.

Правните истражувања се посебен дел од работењето на секој адвокат. Добро е да се користат интернет и изворите кои се наоѓаат таму, но законите треба да се применуваат концизно и добро да се проучат. Изворите што се однесуваат на нив треба да бидат што е можно порелевантни.

На крајот, задолжително е, препорачува Бенион, да се креира сопствена веб-страница каде што ќе бидат презентирани канцеларијата и услугите што ги нуди таа.

С.М.