/ Прочитано:

1.150

Советот на oбвинители едногласно ја избра Катица Јанева за специјален обвинител

Среда, 16 септември 2015 – Советот на јавни обвинители доцна синоќа на предлог на Собранието едногласно ја избра Катица Јанева за прв специјален јавен обвинител на Република Македонија. Таа денеска се очекува да даде свечена заклетва пред Советот на јавни обвинители, со што и официјално ќе ја преземе новата должност.

Специјалниот обвинител ќе има задача да ги гони кривичните дела кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации. 

Пратениците во Собранието на Република Македонија, претходно синоќа по итна постапка го утврдија предлогот Катица Јанева да биде специјален обвинител и го донесоа Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, по итна постапка.

Катица Јанева доаѓа на новата должност од местото јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гевгелија, каде што работи од 2003 година. Родена е на 09.02.1965 година. Студирала на Правен факултет на Универзитетот Св.Кирил и Методиј од 1983 до 1989 година, а правосуден испит положила во 1996 година. Учествувала во повеќе проекти надвор од Македонина за борба против организиран криминал и корупција. Предавач е на Академијата за судии и јавни обвинители на РМ. 

>> КАТИЦА ЈАНЕВА: Шеф на гевгелиското Обвинителство, едукатор во Академија и поранешен стручен соработник во суд

>>ИНТЕГРАЛНО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА СПЕЦИЈАЛНИОТ ОБВИНИТЕЛ: Целосна автономија во истражувањето и гонењето на кривични дела