/ Прочитано:

938

СОВЕТУВАЊЕ: Дoстава на судски писма, согласно ЗПП и ЗКП со практични примери

Петок, 12 септември 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска во своите простории организира советување на тема „Достава на судски писма, согласно Законот за парнична постапка и Законот за кривична постапка со практични примери„.

Советувањето се организира за судски службеници-доставувачи од сите апелациони подрачја.

 Во рамките на советувањето свои излагања ќе имаат: Гордана Николовска, судски соработник во Основен суд Битола и Борче Николовски, судски администратор во Основен суд Охрид.