/ Прочитано:

750

СОВЕТУВАЊЕ на тeмa „Судски интeгритeт“

Понеделник, 6 април 2015 – Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Канцеларијата за дрога и криминал на Обединетите нации (UNODC) и со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), организира дводневно советување на тема „Судски интегритет“, што ќе се одржи на 7 и 8 април 2015 година (вторник и среда), во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судии и јавни обвинители од сите инстанци и од сите апелациони подрачја. Истото е задолжително за новоизбраните судии и јавни обвинители со работен стаж до 3 години, бидејќи темата е дел од задолжителните обуки кои се организираат за новоизбраните судии и јавни обвинители.

 Свое излагање поврзано со темата на советувањето ќе имаат:

Г-ѓа Анета Арнаудовска, Директор, Академија за судии и јавни обвинители

Претставник од Секретаријатот на ДКСК 

Г-ѓа Михаела Стојкоска, Раководител на Сектор за добро управување, УНДП Македонија 

Г-ѓа Соња Стефановска-Трајаноска, Стручен соработник, Сектор за добро управување, УНДП Македонија 

Г. Ronan O’Laoire, Стручен соработник за спречување криминал и прашања од кривична материја, Канцеларија за дрога и криминал на Обединетите нации (UNODC).

Теми кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните: 

  • Правниот систем во Република Македонија и спречување на корупцијата: правна рамка, досегашни искуства, достигнувања и предизвици; Препораките на ГРЕКО од 4-от круг на евалуација во однос на Република Македонија
  • Судир на интереси и имотни листови; Превенција на корупцијата во правосудството
  • Претставување на најдобрите меѓународни практики за спречување на корупцијата во судството
  • Запознавање со Конвенцијата за борба против корупција на Обединетите Нации – член 11 (UNCAC) и Бангалорските принципи
  • Разгледување студија на случај за секој од 6-те Бангалорски принципи и можност за нивна примена во Република Македонија

 Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 На советувањето ќе бидат користени следните работни материјали:

–         PP презентации

–         Слудии на случај поврзани со Бангалорските принципи