/ Прочитано:

1.160

СОВЕТУВАЊЕ: „Надомест на штета од дејствија нa нотaр, адвокат и извршител“

Четврток, 26 февруари 2015 – Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска во своите простории организира советување на тема: „Надомест на штета од дејствија на нотар, адвокат и извршител“.

Советувањето е наменето за судски соработници и судии на граѓанските оддели на судовите од сите апелациони подрачја, за нотари, за адвокати и за извршители.

На советувањето свое излагање ќе имаат доц. д-р Неда Здравева, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Лидија Димова, судија на Основен суд Велес и Теофил Томановиќ, судија во пензија.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:  Материјална одговорност на нотарот за причинета штета, Надомест на штета од дејствијата на нотари, адвокати и извршители, Судската пракса во врска со надоместокот на штета од дејствијата на нотари, адвокати и извршители.