/ Прочитано:

805

Советување: „Прaктичнa примeнa на Законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација и Законот за стечај“

Понеделник, 17 февруари 2014 – Денеска во Апелациониот суд Штип, Академијата за судии и јавни обвинители организира советување на тема: „Практична примена на Законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација и Законот за стечај“.

Советувањето е наменето за судиите од граѓанските оддели, одделите за стечај и ВПП на судовите од апелационото подрачје Штип.

Во рамките на советувањето новиот Законот за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација и Законот за стечај и проблемите кои можат да се јават при неговата примена ќе бидат презентирани од Мери Дика Георгиевска, член на Судскиот совет на Република Македонија и Дејан Костовски, правен консултант во Друштвото за консалтинг ИМАГО – ЕНА ДООЕЛ Скопје.

>> Закон за стечај