/ Прочитано:

1.004

СОВЕТУВАЊЕ: „Судски прашања за признавање на одлуките од Арбитражниот суд / Признавање на странски судски одлуки од граѓанската област“

Четврток, 2 април 2015 – Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка ИРЗ организира советување на тема „Судски прашања за признавање на одлуките од Арбитражниот суд / Признавање на странски судски одлуки од граѓанската област и постапката за признавање според Законот за меѓународно приватно право“.

 Советувањето ќе се одржи утре, 3 април, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители со почеток во 9.45 часот.

 „Сите адвокати кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-пошта: lawyermk@mba.org.mk“, информираат од Адвокатската комора на РМ.