/ Прочитано:

770

СОВЕТУВАЊЕ ЗА АДВОКАТИ И СУДИИ: „Концепт на еднаквост и антидискриминација”

Понеделник, 29 јуни 2015 – Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Адвокатската комора на Република Македонија, организира советување на тема „Концепт на еднаквост и антидискриминација”.

Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели и за адвокати од апелационото подрачје Скопје.

Советувањето ќе се одржи од 08 до 10 јули 2015 година (од среда до петок) во хотел „Милениум“, Охрид.

„Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е–пошта: lawyermk@mba.org.mk“, информираат од Адвокатската комора.