/ Прочитано:

882

Специјализирана обука на адвокати и правници за застапување на жртви на трговијата со луѓе

Четврток, 2 јули 2015 – Македонското здружение за млади правници со поддршка и во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира специјализирана обука за правници и адвокати за давање бесплатна правна помош и застапување на жртви на трговијата со луѓе. Обуката во вкупно времетраење од три дена ќе се спроведе во периодот од септември до ноември 2015 година.

Првиот еднодневен семинар ќе се одржи во Скопје, на кој учесниците ќе имаат можност да се запознаат со домашната првна и институционална рамка за борба против трговијата со луѓе, корените и последиците од овој глобален феномен, облиците и актуелните трендови на трговијата со луѓе и стандардните оперативни постапки за упатување, помош и заштита на жртвите на овој криминал.

Втората дводневна обука ќе се одржи надвор од Скопје, во текот на која ќе бидат опфатени прашања поврзани со постапувањето и застапувањето на жртви на трговијата со луѓе и ефективното остварување на нивните права и заштита пред судовите и другите надлежни органи, со посебен осврт на правото на пристап до правдата и бесплатна правна помош, начелото на неказнување на жртвите на трговијата со луѓе, жртвата како оштетена и сведок во постапка, остварување на правото на надомест на штета, итн.

Повеќе информации може да добиете на следниов линк.