/ Прочитано:

762

Специјализирана обука за новиот Закон за кривична постапка – Посебни постапки

Четврток, 25 септември 2014 – Денеска и утре, во хотел Континентал во Скопје, со почеток во 10:00 часот, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители, а во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Правната канцеларија на INL при Амбасадата на САД во РМ, ќе се одржи шеснаесетата специјализирана обука за новиот Закон за кривична постапка која ќе се однесува на модул 4 – Посебни постапки.  

Целта на обуката е целосна подготовка на правосудството за примена на новиот Закон за кривична постапка, поточно да се презентираат новите законски решенија, да се дадат практични објаснувања на позначајните законски одредби, да се истакнат спорните ситуации и да се предложат мислења за нивно решавање, како и да се унапредат практичните знаења и вештини на судиите, јавните обвинители, правосудната полиција и адвокатите за постапувањето во кривичната постапка.

На обуката ќе присуствуваат вкупно 33 учесници и истата ќе биде спроведена од едукаторскиот тим во чиј состав се:  ани Нича, судија на Основниот суд Скопје 1, Маја Конеска, обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење за организиран криминал и корупција, Дељо Кадиев, адвокат од Скопје и проф. д-р Гордана Бужаровска, правен факултет Јустинијан Први – Скопје.