/ Прочитано:

715

Специјализирана обука за новиот ЗКП: предистражна постапка

Понеделник, 1 септември 2014 – Од денеска  до 3 септември, во хотел Континентал во Скопје, со почеток во 10:00 часот, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Правната канцеларија на INL при Амбасадата на САД во РМ, ќе се одржи тринаесетата специјализирана обука за новиот Закон за кривична постапка која ќе се однесува на модул 1 – Предистражна постапка.  

„Целта на обуката е целосна подготовка на правосудството за примена на новиот Закон за кривична постапка, поточно да се презентираат новите законски решенија, да се дадат практични објаснувања на позначајните законски одредби, да се истакнат спорните ситуации и да се предложат мислења за нивно решавање, како и да се унапредат практичните знаења и вештини на судиите, јавните обвинители, правосудната полиција и адвокатите за постапувањето во кривичната постапка“, истакнуваат од Академијата.

 На обуката ќе присуствуваат вкупно 31 учесник и истата ќе биде спроведена од едукаторскиот тим во чиј состав се: д-р Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип, д-р Јован Илиевски, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Зуица Наумова, судија во Апелациониот суд Скопје, Ненад Јаниќевиќ, адвокат од Скопје, проф. д-р Гордан Калајџиев, Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и  Гоце Бачанов, началник на Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.