/ Прочитано:

801

Србија го зголеми дозволеното ниво на афлаткосин во млекото на 0,25 микрограми

Четврток, 17 јули 2014 – Согласно новиот Правилник кој стапи во сила во Србија, максимално дозволеното ниво афлатоскин во млекото е зголемено за петпати, односно од 0,05 на 0,25 микрограми на килограм, објави српското Министерство за земјоделство.

Овој Правилник стапи во сила на 15 јули, ден по објавувањето во Службен весник на Србија, а ќе се применува до 31 декември 2014 година.

Одлуката ја донело Министерството за земјоделство и заштита на животната средина, во согласност со Министерството за здравство.

Претходно, од 1 јули стапи на сила Правилникот со кој дозволеното ниво на афлатоксини беше намалено од 0,5 на 0,05 микрограми на килограм. Но, на ова реагираа земјоделците според кои ваквиот праг нема да може да се исполни заради поплавите кои ја зафатија земјата.