/ Прочитано:

783

Србија ќе удри по џебот на функционерите – воведува нов „данок за политичари“

Понеделник, 14 април 2014 – Идниот премиер на Србија Александар Вучиќ најави дека новата влада ќе воведе и дополнително оданочување на највисоките државни функционери, од претседателот на државата, преку министрите до народните избраници.

„Не може реално од ниту еден државен функционер да не се земе од платата помалку отколку на наставник или лекар“,  вели Вучиќ за „Блиц“.

Новиот данок за политичари ќе биде воведен затоа што по укинувањето на солидарниот данок и линеарното намалување на платите во јавниот сектор за 10 отсто, највисоките државни функционери би плаќале помал данок отколку досега, за разлика од обичните работници кои ќе плаќаат повеќе.

Имено, министер со примања од 130.000 динари досега плаќал солидарен данок од 15.500 додека со намалена плата од 10 отсто би плаќал 13.000 динари.

 „За да се исправи таа неправда, се подготвува нова мерка со која сите државни функционери ќе бидат повеќе оданочени отколку обичните работници во јавниот сектор“, потенцира Вучиќ.