/ Прочитано:

1.143

Средба на jавниот обвинител на РМ со претставници на Здружението на новинари на Македонија

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија денес остварија средба со новиот јавен обвинител на РМ, Љубомир Јовески, на која се разговараше за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, изрази загриженост дека во Македонија постои политика на неказнивост на насилството врз новинари. Селмани побара од Јовески Обвинителството побрзо да ги процесира овие предмети со цел насилниците да се изведат пред лицето на правдата.

Тој се пожали дека во изминатиот период Обвинителството ги има одбиено пријавите за говор на омраза против новинари, без сериозна аргументација. Селмани побара Обвинителството повторно да ги разгледа овие пријави и да види дали обвинителите постапиле одговорно.

На средбата беше договорено да се организираат заеднички обуки за новинари и обвинители со цел да се подобри известувањето на новинарите и постапувањето на обвинителите за случаи поврзани со слободата на говорот.

Јавниот обвинител Јовески вети дека ќе даде динамика на предметите за насилство врз новинари и ќе ги разгледа одбиените пријави за говор на омраза против новинари. Според него, соработката на Обвинителството и Здружението на новинари на Македонија е од заемен интерес.

ЗНМ: Институциите не ги казнуваат насилниците што напаѓаат новинари

М.В